Арсенал сака до крајот на јануари да потпише со Влаховиќ

January 16, 2023
1 min read

Раководството на Арсенал настојува до крајот на јануарскиот преоден рок да го ангажира напаѓачот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, лидерот во Премиер лигата одлучил да почне преговори со Јувентус за Влаховиќ, откако лондонскиот клуб не успеа да се засили со украинскиот напаѓач Михајло Мудрик, кој на крајот потпиша за градскиот ривал Челзи за 100 милиони евра.

„Влаховиќ е член на Јувентус, освен доколку не пристигне понуда која сè ќе промени. Арсенал, кој го загуби Мудрик, бара засилување во нападот. Во Торино се подготвени да разговараат за трансфер, но Јувентус може да се откаже од услугите на Влаховиќ само доколку некој клуб плати обесштетување од најмалку 100 милиони евра. Во спротивно Влаховиќ ќе остане во Јувентус најмалку до јуни“, наведува „Калчомеркато“.

Влаховиќ (22) дојде во Јувентус минатата година од Фиорентина за сума од 81.6 милиони евра. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Ќе продолжиме да се справуваме со хибридните напади

Следно

Ахмети: Иритиран сум од Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop