Апсења во Белгија за подготовка на терористички напад, меѓу приведените и еден Бугарин

March 29, 2023
1 min read

Бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од локалните белгиски медиуми, јавуваат дека еден од приведените е Бугарин. Тој со уште двајца други е приведен во рации во Брисел, додека пет лица биле уапсени во градот Антверпен

Белгиска полиција / Архивска фотографија / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгиската полицијата денеска привела вкупно осум лица во акција спроведена во понеделникот на повеќе локации во земјата, а најмалку пет од нив се осомничени за подготовка на терористички напад во Белгија.

Федералното обвинителство соопшти дека апсењата се резултат на две одделни истраги.

„Постои поврзаност меѓу двата случаи, но понатамошната истрага ќе треба да открие до кој степен двата случаи се испреплетени меѓу себе“,

пишува во соопштението.

Една од акциите се одвивала во градот Антверпен каде биле приведени пет лица. Од нив, пренесува „Политико“, најмалку двајца се осомничени дека подготвувале терористички напад на белгиска територија.

Во рамки на другата истрага, во општини во рамки на главниот град Брисел се приведени три лица. Сите се осомничени за подготовка на терористички напад.

Официјално целта на нападот засега не е позната, а во овој момент обвинителството вели дека нема да споделува дополнителни информации.

Локалните медиуми повикувајќи се на изјава на белгискиот министер за правда, Винсент Ван Квикенборг, јавуваат дека осомничените планирале напади врз државни институции. Има информации дека мета би биле полициски станици.

„Во Антверпен и Брисел беа приведени осум лица и сега се сослушани од федералните служби. И во двата случаи мислиме дека имаме повеќе од една причина да се сомневаме дека се работи за луѓе кои имале конкретни планови да извршат терористички напад во Белгија“,

изјавил Ерик ван дер Сеип, обвинител од Федералното обвинителството.

Дел од медиумите пренесуваат и дека еден од осумтемина приведени е ослободен, додека останатите седум остануваат во притвор.

Повикувајќи се на информации од локални медиуми, веста одекна и во бугарските медиуми кои пренесуваат дека еден од уапсените е бугарски државјанин. Бугаринот се вика Сергеј, а неговото презиме не е познато.

Според објавените информации, тој е еден од тројцата приведени во рациите во Брисел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Винисиус одби да ја носи легендарната „седумка“ на Реал

Следно

Арсенал нуди 30 милиони евра за Дијаз

Latest from Blog

Мбапе за скандалот во Лисабон: Бројот 25 од Бенфика пет пати му кажа на Вини дека е мајмун!

Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид беше обележан со целосен хаос. Винисиус Жуниор го постигна победничкиот гол за шпанскиот тим, а потоа реши да прослави танцувајќи покрај корнер

Проданоски го назначи Јочкоски за директор на „Водовод и канализација“ Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп. Јочкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство токму во

Битола ги избра најдобрите спортисти – Коњановски најави нови капитални инвестиции

Битола уште еднаш ја потврди својата спортска традиција, откако по 62-ри пат се одржа манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година“. На свеченоста присутните ги поздравија претседателот
Go toTop