Винисиус одби да ја носи легендарната „седумка“ на Реал

1 min read

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ја одби понудата од следната сезона да го носи дресот со бројот седум, во кој во минатото настапуваа легендарни играчи на Кралскиот клуб.

Винисиус сака да продолжи да настапува во дресот со бројот 20, кој го носи од почетокот на својата кариера.

Телевизиската мрежа ЕСПН јави дека раководството на мадридскиот гигант му предложило на бразилскиот фудбалер од следната сезона да го облече дресот со бројот седум, кој претходно го носеа големи имиња на Реал, вклучувајќи ги Емилио Бутрагењо, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо.

Понудата до Винисиус е мотивирана од желбата на Реал да ја оживее репутацијата на легендарната „седумка“ која без поголем успех по заминувањето на Роналдо ја носеа Маријано Дијас и Еден Азар.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Сенатот гласаше за укинување на правото на Белата куќа да одлучува за војна или мир

Следно

Апсења во Белгија за подготовка на терористички напад, меѓу приведените и еден Бугарин

Latest from Blog