Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, ја кутнавме крупната буржоазија

May 8, 2024
1 min read

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека партијата што ја раководи освоила сигурни шест пратенички места, а се надеваат уште на еден кога ќе бидат обзнанети финалните резултати.

„Во единицата имаме двајца пратеници на Левица, Апасиев и Хактан, во двојка еден фиксен, нашиот портпарол, во тројка имаме еден фиксен се бориме за втор, за ситно, многу ситно, 200 до 300 гласа се во прашање да влезе покрај Борислав Крмов, Александар Симонов, и така цел президиум да бидеме во Парламент, во четворка влегува Сашко Јанчев фиксно и во петка Јована Мојсоска, првата жена пратеник од Левица“, рече Апасиев. 

Она што се залагавме, ни успеа, ја пасокизиравме СДС, ја кутнавме крупната буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника, што не го ни сонувавме, нагласи тој. 

„Друга значајна победа, и покрај сета наша маргинализација, а фаворизација на Максо, го преполовивме проектот на ЗНАМ на половина од претседателските избори, што повторно покажува дека овој изборен систем повторно не краде, некаде го водиме за 4.000 гласови, а имаме ист број пратеници. Затоа прво барање на Левица ќе биде воведување на една изборна единица. Уште веднаш почнуваме со подготовка за локални избори каде ќе го надминеме и овој скор, да сте ми живи и здрави се надевам дека до сабајле ќе имаме седум пратеници“, рече Апасиев. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Брзо формирање влада по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Дарио Ивановски официјално ќе настапи на ЛОИ во Париз

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop