Анкета на „Детектор“: Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и не очекуваат ништо позитивно од тоа

May 21, 2023
2 mins read

Според истражувањето, 56,1 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Наспроти нив, 27,5 отсто од анкетираните даваат поддршка за уставни измени. Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5 отсто велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3 отсто сметаат дека ќе има

Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за почеток на преговорите со Европската Унија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 56,1 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Наспроти нив, 27,5 отсто од анкетираните даваат поддршка за уставни измени.

Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3 отсто од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека 72,4 отсто од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот дава само еден од десет Македонци или 11,2 отсто од анкетираните. Само 8,8 отсто од етничките Албанци се против уставни измени.

Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата.

Анкетата покажува дека 75,4 отсто од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3 отсто кои рекле дека немаат информации.

Дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава сметаат 60,8 отсто од анкетираните, додека 19,1 отсто не очекуваат негативни последици.

И за ова прашање им прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци, односно, 71 отсто од Македонците сметаат дека уставните измени би имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31 отсто од Албанците, а 42 отсто сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2 отсто Македонци.

Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5 отсто велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3 отсто сметаат дека ќе има.

И тука, мнозинството го прават етничките Албанци – 73,2 отсто етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6 отсто од Македонците.

Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не даде поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42 отсто од анкетираните додека една четвртина или 25 отсто очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот.

Гледано по етнички групи, 45,7 отсто од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3 отсто етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени смета само еден од секој петти Македонец или 19,2 отсто додека секој трет Албанец или 33 отсто од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.

Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3 отсто од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на Уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7 отсто од анкетираните

И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците. 57,9 отсто етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9 отсто велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени.

Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на Уставот се повозрасните граѓани, додека најмало противење има кај младите.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1 112 испитаници.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип во годината на двоен јубилеј доби помалку пари за активностите

Следно

СЦЕНАТА Е ОГАН, ИЛИ ЌЕ ЈА ЗАПАЛИШ, ИЛИ ЌЕ ИЗГОРИШ, ВЕЛИ ОПЕРСКАТА ПЕВИЦА ЗЛАТА ТОШЕВСКА, ЅВЕЗДА НА „НАБУКО“

Latest from Blog

Енергетска ефикасност како стандард: Божиновска за планот за обновување на јавните згради

Македонските јавни институции влегуваат во фаза на најмасовна и најсистемска енергетска трансформација досега. По децении во кои јавните згради беа синоним за нерационално трошење на буџетските средства и високи емисии на штетни

САД: Епидемијата на сипаници во Јужна Каролина продолжува да се шири

Епидемијата на сипаници во Јужна Каролина со рекорден број заразени продолжува да се шири, со 89 нови случаи пријавени од минатиот петок, изјави денес портпаролот на здравствениот оддел на таа федерална американска

Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива

Божиновска: Стратешко партнерство со УНДП за чиста и одржлива енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска потпиша Меморандум за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со кој се воспоставува долгорочна рамка за зајакнување на енергетската

Коњановски: Инвестициите на Копанки носат нов туристички потенцијал за Битола

Во кабинетот на градоначалникот на Битола денеска се одржа координативен состанок за завршување на изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер. Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски ја одржаа оваа координација
Go toTop