Андоновски: Уставни измени под вакви услови нема да има, ЕУ мора да ни гарантира македонскиот идентитет и дека Бугарија да блокира кога ќе посака

January 25, 2023
1 min read

Ние имаме партнер во граѓаните, тие на анкетите кажуваат што мислат. Изборите ќе дојдат и на избори ќе кажат што мислат. ВМРО-ДПМНЕ во својата коалиција нема никаков проблем, проблем си има и СДСМ, тоа го видовме, а проблем има и ДУИ. Нашиот обид да собереме 61 за оваа влада да си замине е затоа што граѓаните го бараат тоа, и наша должност и обврска е како опозиција, ако не успее, доаѓаат изборите на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа.

За уставните измени, Андоновски потенцираше дека во сегашнава ситуација и пратенички состав уставни измени нема да има, ВМРО-ДПМНЕ не подржува уставни измени под вакви услови.

– Во услови кога немате гаранции за вашиот идентитет, јазик, кога имате високи државни претставници, највисоките да велат дека македонскиот идентитет не постои, дека Македонија не постои како ентитет, дека македонскиот јазик е бугарски, а Македонците постојат од 1945, тогаш со што е гаранцијата дека ако се внесат Бугарите во Устав, ако следниот ден истите овие претставници се решат да не блокираат. Прво гаранции за македонскиот идентитет од ЕУ, на тој начин да бидат гаранции кои нема да ни го попречат европскиот пат, изјави Андоновски.

Посочи дека затоа се потребни избори и секој да си излезе со програма, а ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план за излез од ситуацијата.

– Не сум сигурен дека ништо не може да биде променето. Имаше меѓународни фактори кои потпишуваа и излегуваа од меѓународни договори. Во нашава ситуација станува за билатерален договор кој влезе во рамката. Дали можеме овие две работи да ги раздвоиме и да не ни бидат кочница, рече Андоновски.

Во врска со можно коалицирање за влада Андоновски истакна дека сериозна опозиција ќе има следниов период во албанскиот блок, а не како независно дали и одговара да биде со ДУИ или не, еден ден се плукаат, и дека принципот победник со победник веќе не важи.

– Принципот победник на победник заврши во 2017 година и не постои и е надминат, треба да зборуваме за влада во која доверба ќе имаат граѓаните, оваа влада на пример нема таква доверба. Оваа влада на Ковачевски никој не ја гласал, тој не излегол на избори, никој не му дал легитимитет, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосниот легитимитет ќе го црпи од граѓаните, нагласи Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарскиот амбасадор во Македонија останува во Софија: Милков најави можност за ново вето и суспензија на меѓудржавните проекти

Следно

Излевање на реката Вардар во Зелениково, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop