Андоновски ја поздрави поддршката од ЕУ: Заедно до роаминг по ниски цени и сајбер безбедност

February 26, 2026
2 mins read

Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија.

Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, во своето обраќање истакна дека проектот претставува силен пример за тоа како партнерството со ЕУ носи конкретни резултати за државата, преку зајакнување на националните капацитети за сајбер-безбедност и унапредување на отпорноста на институциите.

„Како финална фаза од проектот беше донацијата во опрема со вредност од 149.921,20 евра со која се зајакнуваат оперативните капацитети на GOV-CSIRT и се унапредува заштитата на државните институции и критичната дигитална инфраструктура. Ова значи побрза детекција на закани, поефикасен одговор на инциденти и поголема отпорност на сајбер-напади. Оваа донација е комплементарна со инвестициите на Министерството од повеќе од 1,5 милиони евра во целосно опремување на Владиниот ЦИРТ“, изјави министерот Андоновски.

Министерот упати благодарност до Европската Унија за континуираната поддршка, како и до институциите и експертите вклучени во имплементацијата на активностите, при што нагласи дека ваквиот модел на соработка е пример за ефикасен меѓународен проект насочен кон реални и мерливи резултати.

Паралелно со зајакнувањето на сајбер-безбедноста, Министерството активно работи и на иницијативата „Роаминг како дома“, со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци.

„Знаете дека паралелно со зајакнувањето на сајбер-безбедноста, активно работиме и на иницијативата „Роаминг како дома“, со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци. Информацијата од Европската комисија од вчера покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација. Како Влада веќе го утврдивме и текстот на последниот Закон за усогласување со што, како што ветивме, ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата за Роаминг како дома“, додаде министерот.

Во рамки на пошироките активности за јакнење на сајбер-отпорноста, тригодишниот проект „Cyber Balkans“, имплементиран од Академијата за е-управување и финансиран од Европската унија, овој месец официјално завршува во Македонија, означувајќи значаен чекор напред во јакнењето на сајбер -отпорноста на земјата.

Проектот беше насочен кон унапредување на сајбер-отпорноста во согласност со европските најдобри практики, со фокус на усогласување на законодавството, градење институционални капацитети, оперативна подготвеност и регионална соработка.

„Европската унија останува посветена на поддршката на Македонија и Западен Балкан во усогласувањето со стандардите на ЕУ за сајбер безбедност“, изјави Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Македонија.

Како дел од поддршката, проектот придонесе за воспоставување на Владин Центар за безбедносни операции (GSOC) и Тим за одговор на компјутерски инциденти (CIRT), како и за спроведување на високо-ниво вежби на маса (TTX) за тестирање на моделите на управување и механизмите за координација при инциденти. Дополнително, беа подготвени одржлив план за развој на GOV CIRT и мапирање на опремата, со цел насочување на идните инвестиции и обезбедување долгорочен развој на капацитетите.

За зајакнување на техничката инфраструктура и детекцијата на инциденти, проектот ја поддржа и набавката на неопходна опрема за сајбер безбедност и мрежна заштита.

„Сајбер-отпорноста не се гради преку ноќ. Таа бара цврсти правни основи, способни институции и континуирана регионална соработка“, изјави Милан Секулоски, виш експерт во Академијата за е-управување. „Во изминатите три години тесно соработувавме со нашите партнери во Северна Македонија и низ Западен Балкан за да обезбедиме реформите да бидат одржливи, усогласени со стандардите на ЕУ и поддржани со реален оперативен капацитет. Постигнатиот напредок дава силна основа за продолжување на соработката во годините што следат.“

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на јакнење на сајбер-безбедноста, на модернизација на дигиталната инфраструктура и на забрзување на дигиталната интеграција со Европската Унија, со јасна цел – сигурна, поврзана и европска дигитална држава.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонецот Никола Андреевски меѓу истакнатите бизнис лидери на средба со кандидатот за Конгрес Мајкл Бушар во Мичиген

Следно

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп почнува редовно собирање габаритен отпад

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиции од над 4,4 милиони денари за спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети ОУ „Елпида Караманди“, каде во тек е реконструкција на дел од спортската сала. Како што информираше директорката на училиштето, Емилија Николовска-Спировски, реконструкцијата опфаќа

Македонецот Никола Андреевски меѓу истакнатите бизнис лидери на средба со кандидатот за Конгрес Мајкл Бушар во Мичиген

Истакнати бизнис лидери, претставници на заедниците и политички поддржувачи присуствуваа на приватен настан во Мичиген, каде кандидатот за Конгрес на САД, Мајкл Бушар, се сретна со гости на вечера посветена на економски

Вајц денеска ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на Македонија. Во него, меѓу другото наведува дека од
Go toTop