Американски новинар уапсен во Русија под сомнение за шпионажа

March 30, 2023
1 min read

Од „Волстрит журнал“ соопштуваат дека се длабоко загрижени за безбедноста на Гершкович и остро ги негираат наводите на ФСБ и повикуваат на итно ослободување на доверлив и посветен новинар

ФОТО: „Волстрит журнал“

Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека дописникот на американскиот весник „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, е приведен во градот Екатеринбург под сомнение за шпионажа, пренесе агенцијата Интерфакс.

Во соопштението пренесено од Интерфакс, ФСБ наведува дека „ги запрела незаконските активности на американскиот новинар Еван Гершкович, акредитиран во руското Министерство за надворешни работи, кој е осомничен дека шпионирал за интересите на американската влада“.

Според нив, Гершкович добил задача „од американската страна“ да собира информации за „активностите на едно од претпријатијата на воено-одбранбениот комплекс“, се вели во соопштението, но не се наведуваат никакви докази.

„Волстрит журнал“ објави дека приведувањето на американскиот државјанин Еван Гершкович се засновало на лажни наводи. Ова ќе ги влоши и онака лошите односи меѓу Русија и САД, кои обезбедуваат најголема воена помош за Украина и воведоа санкции кон Москва за да се обиде да ја убеди да ги повлече своите сили од Украина. Но, Кремљ не покажува знаци дека го прави тоа.

Од „Волстрит журнал“ соопштија дека се длабоко загрижени за безбедноста на Гершкович и остро ги негираат наводите на ФСБ и повикуваат на итно ослободување на доверлив и посветен новинар. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека активностите на Гершкович во Екатеринбург „не се поврзани со новинарството“ и дека ова не е првпат улогата на странски новинар да се користи како фронт за други активности.

Од руското Министерство за надворешни работи  велат дека САД сè уште немаат воспоставено официјален контакт со Руската Федерација во врска со апсењето на дописникот на Волстрит журнал Еван Гершкович.

Администрацијата на американсккиот претседател Џо Бајден е длабоко загрижена од извештаите дека новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович е приведен во Русија под обвинение за шпионажа.

„Претставниците на Белата куќа и на Државниот секретаријат на САД разговараа со ‘Волстрит журнал’, а контактирано е и со неговото семејство. Понатаму, Државниот секретаријат е во директен контакт со руската влада за ова прашање и активно работи на обезбедување конзуларна помош на Гершкович“,

пренесува Си-ен-ен.

Од Белата куќа велат дека неприфатливо е руските власти на ваков начин да се однесуваат кон американските граѓани и најостро го осудуваат притворот на Гершкович.

Стејт департментот ги советува американските граѓани да не патуваат во Русија поради опасноста од произволно апсење.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фиго: Манчестер сити и Баерн фаворити за титулата во ЛШ

Следно

Силен земјотрес од 6,3 степени го стресе Чиле

Latest from Blog

Ова е објава за X на УБИЕНИОТ АЈАТОЛАХ

На X профилот на врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше објавена слика со пораката: „Во возвишеното име на Хајдар (имам Али), нека е мир со него. Без него нема ниту

Каде се сега СОЈУЗНИЦИТЕ НА ИРАН?

Мрежата на сојузнички групи поддржани од Иран низ целиот Блиски Исток остро ги осуди американско-израелските напади врз нивниот патрон, но сè уште не започнаа одмазднички напади. Иако овие групи брзо го бранеа

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата

Утре седница на Советот за безбедност во Вила Водно

На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток Претседателката Гордана Сињановска-Давкова свика седница на Советот за безбедност за утре во 18 часот во Вилата Водно.

По воените напади од САД: Иран планира да се повлече од Светското првенство

Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, го коментираше можното повлекување на националниот тим од Светското првенство во 2026 година. „По денешните настани и нападот од страна на Соединетите Американски Држави, малку
Go toTop