Алтун: Туркије никогаш нема да направи компромис во борбата против тероризмот

May 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Директорот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакна дека Туркије решително ќе се бори против терористичките организации, вклучително и против ПКК, ДАЕШ и ФЕТО, јавува Анадолу.

„Туркије се соочи со многу закани кои се насочени кон нејзината национална безбедност, стабилност и демократија“, рече Фахретин Алтун на панелот „Големата визија на Туркије“ што се одржа во турскиот главен град Анкара.

„Додека ги елиминираме заканите насочени кон нашата земја дома и во странство, ние ја продолжуваме нашата борба против терористичките организации како што се ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД-ЈПГ, ДАЕШ и ФЕТО. Туркије никогаш нема да направи компромис во борбата против тероризмот“, нагласи Алтун.

Според него, и покрај тоа што ја обезбедува својата национална безбедност, Туркије, исто така, придонесе за регионалната и глобалната стабилност благодарение на решителната борба против тероризмот.

„Ние ја демонстрираме оваа стабилизирачка моќ во многу регионални и глобални прашања, особено во руско-украинската војна“, рече Алтун, додавајќи дека Туркије никогаш нема да го компромитира својот цврст став пред предизвиците.

Осврнувајќи се на односите со туркискиот свет, Алтун истакна дека неговата земја не размислува за иднина одвоена од туркискиот свет со кој споделува заедничка историја и култура.

„Како туркиски држави, видовме дека соработката и солидарноста што ја покажуваме меѓу себе не само што нè прават посилни, туку придонесуваат и за развивање заеднички отпор против предизвиците со кои се соочуваме на регионално и на глобално ниво“, нагласи тој.

Според Алтун, денешните услови, регионалните и глобалните прашања потсетуваат на важноста од заштитата на братството.

Алтун рече дека Туркије ја продлабочила соработката и партнерството со туркиските држави во различни области, вклучувајќи ги економијата, енергетиката, културата, уметноста, одбраната и транспортот.

„Заедно ќе го носиме напред нашиот идентитет, култура и вредности кои нè прават тоа што сме“, додаде Фахретин Алтун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во експлозија на хемиски реактор повредени 9 лица во Иран

Следно

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop