Активности за откривање и спасување на лицата од трговскиот брод што потона во близина на брегот на Анталија

April 5, 2023
1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – Во близина на брегот на областа Анталија потона трговски брод што во турските води пловел под странско знаме. Во несреќата животот го загубија три лица, известува Анадолу.

Гувернерот на Анталија, Ерсин Јазиџи, изјави дека тимовите за пребарување и спасување на Командата на крајбрежната стража биле упатени во подрачјето каде што трговскиот брод „Joe 2“, кој пловел под странско знаме, потонал во близина на брегот на местото Кумлуча.

Јазиџи информираше дека од 14 члена на екипажот од бродот што бил натоварен со алуминиум, двајца членови на екипажот биле извлечени од морето со хеликоптер на крајбрежната стража и пренесени во Државната болница Финике, а други тројца припадници на бродскиот персонал биле спасени од други трговски бродови што се наоѓале во околината.

Гувернерот Јазиџи соопшти дека во тек се активностите за пребарување и спасување на девет лица.

Во соопштението што го објави Командата на турската крајбрежна стража се вели дека по добиената информација во 03:47 часот дека пред потонување е трговски брод со знаме на Гвинеја-Бисао, кој пловел од Искендерун кон пристаништето Измаил во Украина, бил упатен општ итен повик до сите бродови во регионот, а на местото на настанот се пратени една корвета, седум чамци, два хеликоптера и еден авион, сите на крајбрежната стража.

Активностите за пребарување и спасување биле поддржани од две фрегати и два хеликоптера поврзани со Командата на поморските сили. Сите членови на екипажот на трговскиот брод биле сириски државјани. Главниот јавен обвинител на местото Кумлуча поведе истрага во врска со несреќата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен полицаец кој пукал во воздух пред Економскиот факултет во Атина

Следно

Британскиот министер Ахмед со реакција до Израел: „Насилството само поттикнува повеќе насилство“

Latest from Blog

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40
Go toTop