Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со кракот кон селата Палиград и Вражале во о0пштина Зелениково, во општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во општина Кичево – кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во општина Гостивар – кај селото Горна Ѓоновица.
Под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај селото Туденце во општина Јегуновце и во општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.
Извор: zurnal.mk

