АКО ПОЕТОТ ЗАМОЛЧИ, ЌЕ ЗАМОЛЧИ И НАЦИЈАТА, РЕЧЕ СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ, ДОБИТНИК НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“

October 23, 2024
1 min read

Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото, се еден од нашите идентитетски столбови, рече денеска  поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски, добитник на државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста.

Димоски годинава одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти.

„Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот, а душата на нацијата е и јазикот. Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот. На крај ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и бог се едно исто. Нашата Република е мала, но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била асномската република, таква е и оваа република денес. Јас доаѓам од сферата на литературата и ракувањето со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри златната книга ‘За македонцките работи’ во која К. П. Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик“, рече Димоски на свеченоста во Собранието.

Автор е на шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија). Двапати е добитник и на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012). Основач е и долгогодишен раководител  на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Давкова за ТВ21 за помилувањата: Личностите се навистина интересни во негативна смисла, сега го гледам тоа

Следно

Мицкоски утре ќе ја пречека Урсула Фон дер Лајен

Latest from Blog

БЕЗБЕДНОСЕН АЛАРМ ВО СЕУТА – Меѓу новодојдените мигранти идентификувани лица поврзани со џихадизам

Шпанските безбедносни служби идентификувале неколку лица меѓу мигрантите кои минатата недела масовно влегоа во енклавата Сеута, а кои претходно биле предмет на истраги за кривични дела поврзани со џихадизам, објавија шпанските медиуми

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог објави Скопје1.мк

Министерството за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата подготвува прифаќање на францускиот предлог, оценувајќи дека станува збор за обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Во реакцијата се

ВЛЕН: Охридскиот рамковен договор не е сопственост на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН преку соопштение упати остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека го користи Охридскиот рамковен договор за партиски интереси и дека го блокира носењето на Законот за правична и соодветна

Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар Заборавете на старото правило: Во маркетите цените се пониски отколку на пазар

Некогаш важеше непишаното правило дека овошјето и зеленчукот секогаш се купуваат на пазар бидејќи таму се најевтини. Денес, сликата е поинаква. Споредбата на цените покажува дека за голем број сезонски производи маркетите
Go toTop