Акар: Турските војници се со жртвите од земјотресот уште од првиот момент

February 20, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денес ги негираше наводите дека турските војници доцна реагирале за да им помогнат на затрупаните под урнатините по двата разорни земјотреси што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари, јавува Анадолу.

„Овие пристрасни тврдења кои не ја одразуваат вистината не можат да се објаснат со добра волја. Елементите на Министерството за национална одбрана и турските вооружени сили се мобилизираа од првиот момент со војници, цивили, работници и технички персонал и се упатија кон оние на кои им беше потребна помош “, рече Акар во јужната област Хатај.

Како што рече тој, првиот земјотрес, чиј епицентар бил во областа Пазарџик во областа Кахраманмараш, се случил во 4:17 часот по локално време.

„Оперативните центри на Генералштабот, копнените, поморските и воздухопловните сили, како и Министерството за национална одбрана го направија тоа што требаше да се направи брзо и побараа извештаи од војниците во 4:30 часот“, посочи Акар.

Истовремено, беше наредено да се подготви командата на бригадата за хуманитарна помош на вооружените сили на Туркије.

„Во 05:00 часот во рамките на Министерството за одбрана на Туркије е формиран Кризниот центар за вонредни состојби. Во исто време започнаа со работа и кризните центри во Главниот штаб и во командите“, рече Акар.

Најмалку 41.020 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари, соопшти во неделата Агенцијата за управување со катастрофи (АФАД).

Повеќе од 13 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси во Туркије.

Земјотреси го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен во посета на Грција

Следно

НАТО испраќа контејнери како привремено засолниште за погодените по земјотресите во Туркије

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop