Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

August 19, 2026
4 mins read

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија прогнозира дека нови судии и обвинители ќе нема пред 2028 година

Академијата што беше основана да обучува судии и обвинители како филтер што мора да го помине идниот правосуден кадар, од почетокот на 2025 година е без студенти. Деветтата генерација идни судии и обвинителни е блокирана уште од 2023 година, кога по одлука на Антикорупциската комисија беше ставена во мирување постапката за прием на 130 идни судии и обвинители. Во меѓувреме, Владата ги запре незавршените постапки за вработување, а финансирањето на 130-те работни места исчезна од буџетската рамка.

– По поништувањето на јавниот оглас за прием во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители, објавен во „Службен весник на РСМ“ број 19/23, со одлука бр. 02-428/4 од 25.12.2025 година на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, не е објавен нов јавен оглас за прием на нова генерација слушатели во почетната обука – велат од Академијата за судии и јавни обвинители.

Академијата нема ниеден нов студент во мандатот на новата директорка
Иако анализите на граѓанските организации, но и официјалните податоци на институциите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители и се очекува колапс на правосудниот систем, оваа генерација остана без ништо, а пари за нови кандидати сè уште нема. Практично, од назначувањето на новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, во Академијата нема ниеден нов студент.

Сепак, директорката ова не го смета за свој неуспех и го образложува со објективни причини.

– Јавниот оглас беше објавен во јануари 2023 година, а јас како директор бев избрана во октомври 2024 година. Притоа, општопознато е дека во текот на спроведувањето на приемниот испит се појавиле повеќе објективни пречки, и тоа поврзани со електронското полагање поради истек на договорот за софтверот, а поради што се јавила потребата од законски измени за да може да се спроведе квалификацискиот тест во хартиена форма. Потоа, постапката била ставена во мирување врз основа на одлука на ДКСК во периодот на претседателските избори, одлука што е потврдена и од Управниот и од Вишиот управен суд. По завршувањето на изборите, Управниот одбор побара од Министерството за финансии согласност за продолжување на постапката, од каде беше добиен одговор дека не се обезбедени финансиски средства. Следствено на тоа, на 25.12.2025 година Управниот одбор на Академијата, поради објективни причини ја донесе одлуката за поништување на јавниот оглас за прием во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители за деветтата генерација. Меѓутоа, и покрај ваквата состојба, а во насока на отстранување на системските и на законските објективни пречки за прием на нова генерација во Академијата, беа преземени активности за измена и дополнување на важечкиот закон, односно донесување нов закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина постапка, и се очекува донесување на новиот закон од Собранието на РСМ во блиска иднина. Откако ќе се отстранат сите објективни пречки, верувам дека Управниот одбор ќе донесе одлука за објавување јавен оглас за прием на нова генерација слушатели – велат од Академијата за „Слободен печат“.

Управниот одбор преку директорката повеќепати од Министерството за финансии барал пари за почетната обука на деветтата генерација, но добиле одговор дека немало законска можност според Законот за извршување на буџетот.

– Во очекување сме дека за наредната 2027 година, Министерството за финансии ќе обезбеди финансиски средства за нова генерација за слушатели во почетната обука – додаваат оттаму.

„Слободен печат“ испрати прашања и до Министерството за финансии кога ќе се обезбедат пари за нови генерации на судии и обвинители, но одговор не добивме. Иако оваа генерација речиси стигна до крај и потроши и време и ресурси, сепак, ништо од тоа нема да им се признае.

– Со поништувањето на јавниот оглас за деветта генерација настапуваат правните последици од поништувањето. Не постои законска основа за признавање на положените испити доколку се објави нов оглас – велат од Академијата.

Недостигот на судии и обвинители, но и судска администрација, се најдоа и во извештајот на Европската комисија за владеење на правото објавен во јули, а таму беше спомната и блокираната деветта генерација.

– Беше подготвен нов нацрт-закон, го помина процесот на јавна консултација и сега е во владина постапка. Меѓутоа, бидејќи во моментов нема обука на нови судии и обвинители, нема да бидат достапни нови судски кандидати пред 2028 – пишува во извештајот.

Недостигаат повеќе од 200 судии, судската служба пополнета само 36 отсто
За недостигот на судии и јавни обвинители алармираше и поранешниот министер за правда Игор Филков. Според податоците што ги објавуваше, во судството се пополнети само 67 отсто од судските места, односно недостигаат повеќе од 200 судии, а судската служба функционира со само 36 проценти пополнетост.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, зборуваше дека ниската реализација на судовите во првиот квартал од годинава е резултат на големиот прилив на нови предмети и хроничниот недостиг на судии и судска администрација. Според првиот човек на Судскиот совет, иако судовите продуцираат голем број завршени предмети, тоа не е доволно, бидејќи истовремено има нови случаи што пристигнуваат.

– Во услови кога недостигаат судии и административен кадар, крајниот резултат е таков каков што го слушнавте. Имаме реален проблем во основните судови, а кога унапредуваме судии во повисоките судови, ги празниме основните, а немаме со што да ги замениме – изјавуваше тој.

Камбовски предупреди дека проблемот веќе е изразен во основните судови. Како единствено системско решение за овој сложен проблем, тој ја посочи Академијата за судии и јавни обвинители, од која побара итна реакција, односно што побргу да почне со едукација на нова генерација.

Слична е состојбата и со обвинителите и обвинителската служба, а блокираната генерација беше и во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Коалицијата „Сите за правично судење“ во 2024 изработи анализа што покажуваше дека за само четири години, од март 2020 до март 2024 година бројот на судии во земјава се намалил за една четвртина, а во исто време бројот на предмети се зголемувал.

Доколку продолжи ваквата состојба, може да се очекува за десет години бројот на активни судии да се намали до толку што системот нема да може да функционира, или со други зборови – ќе колабира.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 11 милиони денари промет на Берзата, МБИ10 во благ минус

Latest from Blog

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500
Go toTop