Ахмети со порака до Мицкоски: Не го загрозувајте Охридскиот договор на грбот на Албанците

December 9, 2024
1 min read

Претседателот на ДУИ заедно со лидерите на ЕФ постави шатори пред Уставен суд од каде му испрати порака на Мицкоски. „Ние сакаме мир, ние сакаме демократија, ние сакаме слобода, сакаме за сите, ние сакаме нашата земја да биде во постојан напредок и што поблиску до ЕУ“, рече Ахмети. Во неговиот говор пред симпатизерите исто така му испрати порака на Мицкоски да не се загрозува Охридскиот договор и да не се чепкаат Албанците во с’ржта.

-Зошто г. Христијан вие и многу домашни политичари и аналитичари ме обвинувате мене, Албанците, зошто настана војната во 2001 година. Војната беше прекината со компромис кој не ги задоволува страните. И ние сме незадоволни од тој компромис, но компромисите се најдобро решение, како за вас така и за нас. Затоа не го загрозувајте Охридскиот договор и не чепкајте во с’ржта на Албанците бидејќи не е добро ни за вас ни за нас. Оваа држава е заедничка, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ОДИЈАР ОСВОИ 10 НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТЕН ГЛОБУС

Следно

Раководството на ТОАРИЛУЦ започнува со отворени денови за директна комуникација со пациентите – секој втор понеделник во месецот

Latest from Blog

Почина Мојсо Мојсковски, долгогодишен новинар и уредник во Македонското радио

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник, во Македонското радио. Мојсовски остави длабока трага во историјата на Македонското радио – Радио Скопје и во македонското новинарство.  Тој е роден на 8 септември

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Десничарската Ликуд на

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на
Go toTop