АФАД: 41.020 лица загинаа во земјотресите што ги потесоа јужните делови на Туркије

1 min read

АНКАРА (АА) – Бројката на загинати во разорните земјотреси кои го потресоа на југот од Туркије е зголемен на 41.020, објави синоќа турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), известува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека се регистрирани 6.212 последователни земјотреси по двата разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари.

На подрачјето погодено од земјотресите делуваат 19.436 лица за пребарување и спасување од АФАД и други полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови.

Во зоните на земјотресите се наоѓаат вкупно 245.198 луѓе од АФАД, полицијата, жандармеријата, Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), итната помош, локални тимови за обезбедување и поддршка, волонтери и теренски персонал.

Вкупно 12.681 возила, воглавно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, цистерни за вода, приколки и слична градежна машинерија, беа испратени на подрачјето на катастрофата.

Вкупно 38 бродови се доделени на регионот од страна на Министерството за одбрана и Командата на крајбрежната стража за потребите на испраќање на персоналот, материјалите и евакуација.

Завршено е поставување на 216.166 шатори, кои турските министерствата, надлежните институции и организации, како и различи земји и меѓународни организации ги испратија во подрачјето погодено од земјотресите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Кракен варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија

Следно

Во Скопје казнети 149 возачи, 64 од нив за брзо возење

Latest from Blog