Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

November 25, 2026
1 min read

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби.

Предлози ќе може да се доставуваат и електронски, на адресата [email protected], од 26 ноември до 2 декември 2026 година, како и во урбаните и месните заедници, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Општината ги објави и локациите каде граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи:

  • УЗ Бисер и УЗ Јане Сандански – булевар „Јане Сандански“ 70/1, ТЦ „Бисер“

  • УЗ Стар Аеродром – улица „Васко Карангелески“, спроти игралиштето „Сансет“

  • УЗ Горно Лисиче Запад, Горно Лисиче Север и Населба Лисиче – улица „Тодор Чангов“ 84Б

  • УЗ Горно Лисиче Југ – улица „Горно Лисиче“, во близина на ОУ „Гоце Делчев“

  • УЗ Ново Лисиче – булевар „Видое Смилевски-Бато“ 71А, во Спортскиот центар „Марко Божиновски“

  • УЗ Острово и УЗ Мичурин – булевар „Кузман Јосифовски-Питу“ 17, локал 41

  • МЗ Долно Лисиче – улица „20“, кај последната автобуска станица на линијата 31

Од Општина Аеродром велат дека преку активно учество на граѓаните сакаат буџетот да ги одразува реалните потреби на локалните заедници и да овозможи планирање на проекти според приоритетите на жителите.

Извор: nezavisen.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Следно

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Latest from Blog

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за

МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА СО УСЛОВ: Ова го бара Брисел од Балканците

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на земјите од Западен Балкан за да разговараат за

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион  долари. Голем дел од опремата се
Go toTop