Адвокатите на обвинетите бараат спојување на две постапки за пожарот во Кочани – не може да има два предмета за ист настан

March 5, 2026
2 mins read

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука дали да се спои постапката за пожарот во „Пулс“ со постапката против 13 полицајци обвинети за Тешки дела против општата сигурност за предметот во Кочани.

Адвокатката Ивана Коцевска, која го брани првообвинетиот Дејан Јованов Деко, побара да се спои оваа постапка со постапката против 13 полицајци обвинети за Тешки дела против општата сигурност за предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– ОЈО ГОКК на 30.01.2026 до судот поднесе обвинителен акт протв 13 полициски службеници, кои се обвинети за истиот кривичен настан како соизвршители. Оваа постапка е во доказна постапка, со сослушување на сведоци кои сведочат за преземањето, односно непреземањето дејствија на тие полициски службеници во дискотеката, па за да спремиме утврдување на две различни состојби, предлагам да се спојат. Различните судски совети може да донесат различни заклучоци за истиот кривично правен настан, што може да резултира со одлука за повторување на некоја од двете постапки. Повеќе лица се обвинети за исто кривично дело, за ист кривичен настан, а се водат различни постапки пред ист суд, според Законот за кривична постапка судот треба да ги спои постапките. За да се спречи донесување на две различни пресуди за ист настан – рече Коцевска.

 

И адвокатот Петре Шилегов се согласи со барањето на Коцевска.

– Не може да има два предмета за ист настан и утврдување на две фактички состојби, односно две вистини. Уште повеќе затоа што не ги знаеме исказите на обвинетите во таа постапка, не ни се доставени. Тие искази може да влијаат на правните квалификации во оваа постапка. Одбраната пред повеќе од еден месец укажа на можноста да дојдеме во оваа ситуација. Немаме два кривично-правни настана за да имаме два кривични предмета и спротивно на ЗКП за еден настан да се водат две постапки. Заради економичност и за да се утврди вистината, го реафирмирам предлогот да се произнесат во врска со брифингот на ОЈО ГООК да се спојат постапките, тоа е неопходно за конечно да почне вистинско судење за овој предмет – рече адвокатот Петре Шилегов.

Адвокатката Софија Лаличиќ се приклучи кон предлогот од колегите.

– Судот знае дека не е непознато во праксата заради концентрација на доказите да се судат во единствен предмет обвиненија од две обвинителства. Барам предлогот од колегите да биде усвоен – рече Лаличиќ.

Адвокатот Зоран Зафировски рече дека се целосно исполнети законските услови да се спои постапката, дека се работи за ист настан, обвинети се за исто кривично дело, има исти оштетени лица.

Можеби ќе ве интересира

– Ќе се спречи обвинети лица да бидат сведоци во другата постапка. За исти дејствија се обвинети и припадници на обезбедувањето и полициски службеници – рече тој.

Сите бранители се приклучија на барањето.

Претставниците на Јавното обвинителство рекоа дека не се надлежни за кривични постапки во кои се обвинети полицајци и дека има обвинители во специјализираното одделение во ОЈО ГОКК.

– Ова прашање за надлежноста е надминато уште на почетокот. Зачудува барањето за спојување на постапката, кога одбраната многу пати приговарала за обемноста на предметот и бројот на обвинети лица. Не сме овластени да постапуваме по предмет од друго обвинителство – рече обвинителката.

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука.

Некои бранители се пожалија дека на одредени сведоци од Кочани им се врши притисок, а обвинителите негираа.

Во пожарот кој настана од пиротехника во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени. Во предметот што се суди во големата судница на Кривичниот суд во Идризово се обвинети 35 гизички и 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.

Изгор: plusinfo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот Коњановски го поздрави големиот настап на РК „Еурофарм Пелистер“

Следно

Карик: Ова не беше наша ноќ

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски: „Големите дела на Манаки се светско наследство“

Денес се навршуваат 62 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите

Израел нападна палестински бегалски камп во Либан, двајца загинати (ВИДЕО)

Според министерството, нападот врз областа е извршен без претходно предупредување. Ова е најсеверниот израелски напад во Либан досега. Израелската војска сè уште не објавила кој бил цел на нападот. 🇮🇱🇱🇧 JUST IN:

Тошковски се огласи по добивањето син

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, стана татко по трет пат. Неговата сопруга се породи вчера, а во семејството пристигна новиот член – син! -Со особена радост сакам да споделам дека вчера

Обвинет во „Пулс“: Болен сум, не можам да доаѓам на судења, однесете ме и во притвор

Болен сум, не можам да доаѓам, се спремаат да ме „лишат“ во Кочани, барам од Судот некое решение. Со вакво барање пред почетокот на денешното судење за трагедијата во Кочани, излезе обвинетиот
Go toTop