Утре студентите во Белград продолжуваат со блокади

January 26, 2025
1 min read

Откако премиерот на Србија Милош Вучевиќ кажа дека наскоро на веб-страницата на Владата на Србија ќе биде објавена дополнителната документација со која располага во врска со падот на настрешницата во Нови Сад.

Студентите во Србија за утре во 10 часот највија дека  ќе почнат со 24 часовна блокада на Автокоманда во Белград, бидејќи сметаат дека барањето за објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Главната железничка станица во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени при падот на настрешницата на 1 ноември, не е целосно исполнето.

– Блокадата на Автокоманда почнува од понеделник 27.01. во 10 часот и ќе трае 24 часа. Ќе имаме шатори и греалки, како и некои активности како „Чај со студенти“, мини фудбал, турнир во шах и многу други. Смените ќе траат 4 часа.

Претседателот на Србија пак  Александар Вучиќ, ден претходно изјави дека тоа е незаконско, „побара од полицијата во секој случај да го обезбеди собирот и да спречи можни инциденти.

– Мислам дека е важно полицијата целосно да ги обезбеди сите учесници во најавената незаконска блокада на Автокоманда во Белград, закажана за понеделник, и да им помогне на белграѓани во создавањето услови за нормален живот и функционирање. Животите на студентите и на сите останати граѓани за нас се највисока вредност и затоа е важно полицијата, далеку од местото каде што се одржуваат нелегални блокади, да го прекине целиот сообраќај и да спречи можност од каков било инцидент. – Александар Вучиќ претседател на Србија.

И додека граѓаните на Србија протестираат заедно со студентите и бараат одговорност за несреќата во Нови Сад. Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, најави вонредна седница на парламентот за в среда и дека на неа ќе се расправа за гласање доверба на владата. Како што рече, конечниот дневен ред ќе се знае утре. Според неа, мнозинството ѝ дава поддршка на владата, но таа ќе дозволи да се одржи дебата за довербата во неа, овозможувајќи ѝ на опозицијата да ги изнесе своите ставови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека пациентите чекаат терапија на онкологија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во контра обвинување – кој и зошто ги остави болните од рак без неопходните лекови

Следно

Клековски: Работиме на нов план за унапредување на дијагностика за онколошките пациенти, ќе се зголеми значително буџетот за терапија

Latest from Blog

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop