Теодор Јовевски го фати крстот во Скопје, Гоџо од Варош најсреќен во Охрид

January 19, 2025
1 min read

Денеска низ целата држава се осветуваат водите и се фрла крстот за време на големиот верски празник Богојавление Водици. Неколку минути после пладне се осветија водите на Вардар во Скопје, и се фрли крстот, а најсреќен верник беше Теодор Јовевски кој прв стигна до светиот крст.

„Првпат се фрлам по крстот и ми се посреќи. Се надевам дека ќе ми донесе среќа, а на другите верници ќе им порача да веруваат во Бога“, рече Јовевски.

Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски од охридската населба Варош. Тој вторпат го фаќа крстот кој беше фрлен во водите на Охридското Езеро, откако првпат беше среќен верник во 2022 година.

На манифестацијата присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, која потоа замина во Струга.

Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река во Крива Паланка.

Крстот во Тетово го фати Борче Стефановски, а во Дебар најсереќен беше десетгодишниот Павел Ангеловски.

Јован Илиевски го извади светиот крст од водата во базенот во црквата „Свети Никола“ во Куманово. Во Штип најсреќни беа Александар Стојановски и Петар Мијалков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше

Следно

Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop