Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше

January 19, 2025
1 min read

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

-Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, посака Танески, кој е прв ростушанец по повеќе години, кому му се насмевнува среќата.

Куса но многу значајна порака испрати и владиката Партениј.

-Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја, порача владиката.

Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

На Литургијата присуствуваа голем број верници, како постојани жители така и оние кои сега живеат во други градови но со своите потомци се тука по повод овој голем празник. Дворот и храмот изгледаа прекрасно, беа преполни со луѓе кои дојдоа да го прослават Богојавлението на Господ Христос, а потоа заедно со монасите и монахињите, во голема литија се спуштија до Радика, каде што се случи големото осветување на водите и полагањето на светиот крст.

По традиција и овој пат на положувањето на светиот крст во водите на Радика присуствуваа претставници на локалната власт на општина Маврово и Ростуше, предводени од градоначалникот Медат Куртовски, кој на Танески му подари два лаптопа.

-Среќен празник на сите православни христијани во нашата општина и во нашата држава. Посакувам здравје, среќа и благосостојба во сечиј дом, посака Куртовски.

Во рамки на одбележувањето на големите празници во Бигорски манастир вечерва во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека утре кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена Литургија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Теодор Јовески го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје

Следно

Теодор Јовевски го фати крстот во Скопје, Гоџо од Варош најсреќен во Охрид

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop