Претседателот Пендаровски во посета на Штип и Свети Николе

February 21, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети општините Штип и Свети Николе, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Во соопштението од Кабинетот на шефот на државата се наведува дека Пендаровски во Штип оствари средба со Мартин Алексов, сопственик на компанијата „Мунлекс“, која производува заштитни респираторни маски, со фокус на FFP2 и FFP3, кои освен во справувањето со вируси, наоѓаат примена и во борбата со загадувањето и во индустријата.

– На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за основањето на компанијата во 2021 година, како одговор на потребата за производство на сертифицирани маски за заштита од пандемијата на Ковид-19 во согласност со европските стандарди. За време на посетата на оваа примарно извозно ориентирана компанија, претседателот Пендаровски беше запознат со автоматизираните и климатски неутрални производствени процеси, со тековните развојни стратегии и идните бизнис планови, се вели во соопштението

Во Домот на култура „Крсте Петков Мисирков“ – Свети Николе, пак, претседателот Пендаровски оствари средба со маестро Кирил Трајковски, успешен педагог, диригент и композитор, автор на циклусот „Под источно небо“ – 10 суити за мандолински оркестар и на химната на градот.

– Со маестро Трајковски разговараа за неговиот повеќе од пет децениски ангажман основајќи низа жичени и вокални состави и оркестри со што дал значаен придонес за афирмацијата на македонската музичка култура и уметност. Претседателот Пендаровски имаше можност да проследи настап на Градскиот мандолински оркестар „Свети Никола“, кој изведе композиции – филмска евергрин музика – „Love story“ и „Monja“ во аранжман на маестро Трајковски, се вели во соопштението.

Претседателот Пендаровски го посети и Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ и присуствуваше на училишен час одржан од одделенскиот наставник Иле Михајловски, чија без малку три децениска кариера е одбележана со хуманитарни активности и значаен придонес во инклузијата на ученици со атипичен развој.

– Со Михајловски, претседателот разговараше за важноста од посветениот и одговорен пристап во образовниот процес, како законска, но и благородна обврска за овозможување развој на потенцијалите на сите ученици. Во таа насока беше нагласена и неопходноста од сензибилизирање на општеството во однос на потребите на учениците со различен развоен процес, се наведува во писменото соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бербок: Светот го повикува Путин да не прибегнува кон нуклеарни закани

Следно

„Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата
Go toTop