Тебас бара разумно објаснување или оставка од Лапорта

February 21, 2023
1 min read

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, чека објаснување од Барселона во врска со скандалот поврзан со исплата на милионска сума на поранешниот потпретседател на судискиот комитет.

Деновиве се појави информација дека каталонскиот клуб платил 1,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој тогаш беше потпретседател на техничкиот судиски комитет, во периодот од 2016 до 2018 година. Клубот појасни дека службеник на Шпанската фудбалска федерација бил платен за извештаи за млади играчи и судење. Се дозна дека Барселона од 2003 година префрлила на Негреира 4,7 милиони евра. Трансферите од клубот сочинуваа 95% од прометот на неговата компанија од 2016 до 2018 година.

– Досега тие само изразија длабока загриженост и најавија почеток на внатрешна истрага, но ништо повеќе. Не следеше јасно објаснување, само порака од која можеше да се разбере дека сите клубови го прават тоа. Доколку Лапорта не даде разумно објаснување, мора да поднесе оставка, рече Тебас.

Скандалот со Лапорта доаѓа во време кога Барселона е лидер на табелата во Ла лига со осум бодови предност пред Реал Мадрид по 22 одиграни кола.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дендиас и Блинкен ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог Грција – САД

Следно

За една година, ЧетГПТ „наполни“ 9 години

Latest from Blog

Израел тврди дека го убил иранскиот министер за разузнавање

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, е убиен во израелски воздушен напад во Техеран во текот на ноќта, додавајќи дека денеска се очекуваат „значајни

Николоски: Ненад Савески е личност со искуство што ќе испорача правда, која на Македонија очајно и е потребна

На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, се

Савески најави крај за предмети во„фиока“ и селективната правда

Кандидатот за нов државен јавен обвинител, Ненад Савески, најави дека како приоритет ќе ги постави дигитализацијата, отчетноста и подобрувањето на условите за работа во обвинителството. Во изјава дадена пред денешната собраниска одлука,
Go toTop