Албански тинејџер платил 9.000 фунти за сокриен во ковчег да влезе во Велика Британија

February 20, 2023
1 min read

Речиси неверојатна приказна е патувањето на еден тинејџер Албанец, кој во обид илегално да влезе во Британија, бил ставен во ковчег.

Случајот за кој станува збор бил откриен при рутинска проверка на комбе, од страна на француски граничари во близина на Данкирк.

Според албанските медиуми тинејџерот, чиј идентитет не се наведува од правни причини, пред надлежните изјавил дека платил 9.000 фунти за своето патување во Британија со комбе.

– Ме ставија во ковчег на сервисна станица на автопатот во Стинворде (северна Франција). Сигурно бев внатре најмалку еден час додека комбето застана, додал тој.

Ковчегот, на кој му бил зашрафен капакот, бил скриен меѓу дрвени кутии во задниот дел на комбето “Мерцедес спринтер”. Возачот, Романецот Лусијан-Раду Ризае, негирал дека имал било каква информација за она што било пронајдено во возилото што го управувал.

Млади Албанци, пред се од северниот дел на земјата, Кукс и Скадар, масовно заминуваат во Велика Британија. Минатата година со гумени чамци преку Ла манш на британска територија пристигнале најмалку 13 илјади.

Поради засилените контроли сега најчесто се обидуваат да влезат скриени во камиони кои транспортираат разна стока. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два силни земјотреси вечерва повторно ја затресоа Турција

Следно

Димитров: Не е доволно Владата да каже „бараме транспарентност“, мора да испорачаат транспарентност

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop