Ердоган се состана со Блинкен во Анкара

February 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во турската престолнина Анкара се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, јавува Анадолу.

Средбата е одржана во почесната канцеларија на аеродромот Есенбога во Анкара. Состанокот беше затворен за новинарите.

На состанокот присуствуваа и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и американскиот амбасадор во Анкара, Џефри Флејк.

Претходно Блинкен во Анкара се состана и со министерот Чавушоглу.

Блинкен синоќа допатува во Анкара, откако ги посети подрачјата погодени од земјотресот што ги потресе јужните делови на Туркије.

Во рамки на дводневната посета на Туркије, која на 6 јануари ја потресоа два разорни земјотреси, Блинкен синоќа пристигна во воената база Инџирлик во Адана, каде што го пречека министерот Чавушоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“

Следно

Доњецк: Засилени се нападите во украинскиот Вухледар

Latest from Blog

Делегации во Битола положија цвеќе за 123 години од загинувањето на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Пред Спомен куќата

СМРТОНОСЕН ХАНТАВИРУС НА БРОД НА АТЛАНТИКОТ

Три лица починаа, а еден Британец се бори за живот по избивањето на тешка респираторна болест на крстарење по Атлантикот. Светската здравствена организација (СЗО) потврди шест сомнителни случаи на хантавирус на бродот
Go toTop