Поради доцнењето на платите дел од лекарите денеска на мирен протест

February 20, 2023
1 min read

Незадоволни од доцнењето на платите, дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест.

Во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот, медицинскиот персонал ќе го изрази својот револт поради проблемите со ФЗОМ.

Премиерот Ковачевски од Минхен каде присуствува на тамошната безбедносна конференција ги повикува здравствените работници на трпение.

Тим од домашни и странски експерти, како што потенцира, работат на решавање на проблемите со хакираниот систем на Фондот. Вели, пари во Буџетот за плати има но се бара начин како да се префрлат кај работниците.

Репрезентативниот синдикат на здравствените работници утре напладне ќе одржи состанок на кој, во зависност од состојбата, ќе одлучи како ќе постапи. Не се исклучува можноста од протести во текот на неделава. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атина планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција

Следно

Вработени во здравствениот сектор на предупредувачки протест пред ФЗОМ, бараат исплата на јануарските плати

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop