Блинкен со предупредување до Кина: Ќе се соочите со сериозни последици ако и помагате на Русија

February 19, 2023
2 mins read

„Секретарот беше прилично отворен во предупредувањето за импликациите и последиците од тоа што Кина и дава материјална поддршка на Русија или и помага на Русија со систематско избегнување на санкции“, изјавил за новинарите висок претставник на Стејт департментот, пишува Си-ен-ен

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен вчера вечер на состанок на маргините на Минхенската безбедносна конференција го предупредил својот кинески колега Ванг Ји дека Пекинг ќе се соочи со сериозни последици доколку и обезбеди материјална и воена помош на Русија.  

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен/Фото: Архива

Соединетите Држави, како што пренесува Гардијан веруваат дека Кина во наредниот период би можела да ѝ обезбеди воена помош на Русија во рамките на нејзината агресија врз Украина. 

Блинкен на средбата исто така ја повикал Кина да престане да и помага на Русија со избегнување на санкциите и нивното влијаен врз Москва.  

 „Секретарот беше прилично отворен во предупредувањето за импликациите и последиците од тоа што Кина ѝ дава материјална поддршка на Русија или ѝ помага на Русија со систематско избегнување на санкции“,

изјавил за новинарите висок претставник на Стејт департментот, наведува Си-ен-ен. 

Трговијата на Кина со Русија, како што наведува Гардијан, се зголемува и таа купува руска нафта, но веројатно под границата на цената од 60 американски долари за барел наметната од ЕУ и од групата држави Г 7. 

На ова прашање вчера се осврна и американската потпретседателката Камала Харис, говорејќи на панел-дискусија во рамките на Минхенската безбедносна конференција,  алудирирајќи на  поддршката на Кина за Русија. 

Потпретседателката на САД, Камала Харис на Минхенската безбедносна конференција/Фото: EPA-EFE/JOHANNES SIMON / POOL

„Исто така сме вознемирени што Пекинг ги продлабочи односите со Москва од почетокот на војната. „Гледајќи напред, какви било чекори на Кина да обезбеди смртоносна поддршка за Русија само ќе ја надгради агресијата, ќе продолжи со убиствата и дополнително ќе го поткопа поредокот заснован на правила“,

рече Харис.  

Американскиот државен секретар на средбата со Ванг Ји, највисокиот кинески дипломат, го посочил и инцидентот со кинескиот балон што САД го соборија пред две недели, истакнувајќи дека слична повреда на американскиот воздушен простор не смее да се повтори.  

Блинкен говорејќи за Ен-би-си  изјавил дека Ји не се извинил за балоните. 

Инаку, средбата меѓу Блинкен и Ванг Ји е прв контакт меѓу САД и Кина  на високо ниво по инциднетот со кинескиот балон, поради кој американскиот државен секретар го откажа патувањето во Пекинг претходно овој месец. 

Кинескиот дипломат, пак, од друга страна  ги повтори критиките на Пекинг кон САД за соборувањето на балонот, истакнувајќи дека тој потег не ка покажува силата на Соединетите Држави.  

Пекинг инсистира дека собореното летало кај брегот на југоисточниот дел на САД  бил само залутан балон, користен главно за метеоролошки истражувања, кој бил залутал од својот курс поради силните ветрови. 

Директорот на канцеларијата на Централниот комитет за надворешни работи на Кина, Ванг Ји го повтори ова во говорот на конференцијата во Минхен и ги обвини САД за кршење на меѓународните правни норми со уништување на објект со проектил истрелан од борбен авион. 

Директорот на канцеларијата на Централниот комитет за надворешни работи на Кина, Ванг Ји/Фото: Википедија

„Тие акции не покажуваат дека САД се големи и силни, туку сосема спротивно“,

рече Ванг. 

 Тој, исто така, ги обвини САД дека го ограничуваат економскиот напредок на Кина и бараат начини да го ограничат нејзиниот понатамошен развој. 

 „Она на што се надеваме од САД е прагматичен и позитивен пристап кон Кина што ќе ни овозможи да работиме заедно“,

нагласи Ванг. 

 Неговите коментари дојдоа пред говорот на американскиот потпретседател Камала Харис, кој не ја спомна контроверзноста со балонот и не одговори на коментарите на Ванг.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот државен секретар Блинкен во Минхен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Latest from Blog

Почина Алексис Ортега, актерот што го синхронизираше Спајдермен

Актерот Алексис Ортега се прослави со синхронизацијата на Питер Паркер во Марвеловиот филмски универзум. Во официјалното соопштение објавено на Инстаграм-страница посветена на светот на синхронизацијата се наведува: „Со жалење објавуваме дека почина

МУСКУЛИТЕ ШТО МУ ПОМАГААТ НА СРЦЕТО Зошто листовите се „второ срце“

Повеќето луѓе мускулите на листовите ги доживуваат исклучиво како помош при одење, трчање или одржување рамнотежа. Сепак, зад нивната секојдневна функција се крие изненадувачки важна улога за целиот организам. Зад мускулите на

Доаѓа месецот на страста: Астролозите откриваат кој хороскопски знак го чека свршувачка, кој селидба, а кој конечен крај во февруари

Љубовниот хороскоп за февруари носи судбоносни промени за сите хороскопски знаци без исклучок. Водолија и Лав донесуваат ненадејни одлуки за брак или раскинување на почетокот на овој непостојан месец. Ова не е
Go toTop