Унгарската војска ја напушти границата кон Србија

January 9, 2023
1 min read

Унгарија ја отстрани војската од границата со Србија и чувањето на тој простор и го довери на новоформираната полициска единица наречена погранични ловци. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, јужната граница на Унгарија од Нова година ја надгледува нова единица на граничната полиција, која се состои од персонал под договор, наместо од вооружените сили.

„Заврши седумгодишниот ангажман на унгарската армија за чување на границата со Србија… По почетокот на руската инвазија на Украина и формирањето на борбената група на НАТО во Унгарија, армијата има задача да ги заштити своите источни граници и да помага за зајакнување на источното крило на НАТО со другите сојузнички земји“, се вели во соопштението од унгарските власти.

По тој повод, државниот секретар во МВР, Бенце Ретвари изјави дека минатата година имало повеќе од 263.000 обиди за илегално преминување во земјата, дека мигрантите се „се поагресивни“ и дека 15 полицајци и 29 војници биле повредени во напади на границата.

Чувањето на границата од нерегуларните миграции од Балканот беше доверено на новите полициски сили наречени „Граничен ловечки полк“ формиран во јули 2022 година.

Според договорот, станува збор за формација која ја пополнуваат полнолетни унгарски државјани.

Првичниот план полкот да достигне 2.200 „под договор“ до септември 2022 година се покажа како премногу амбициозен бидејќи во октомври формацијата броеше околу 800 луѓе.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемена френкфенција на луѓе во скопско Кучково, градоначалникот Стојкоски со апел да се внимава на хигиенета

Следно

ДВ открива за што ќе се разговара на средбата во Тирана меѓу Рама и лидерите на албанските партии во Македонија

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop