Ердоган го прими генералниот секретар на ОБСЕ, првиот турски државјанин на оваа функција

December 11, 2024
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го прими Феридун Синирлиоглу, поранешен висок турски дипломат, сега новоизбран генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), јавува Анадолу.

Детали од средбата, која се одржа во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, не се соопштени.

Денес претходно и турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, оствари средба со Синирлиоглу, упатувајќи му најдобри желби на неговата нова функција.

Синирлиоглу, поранешен турски министер за надворешни работи, беше избран за генерален секретар на ОБСЕ минатиот четврток и е прв турски државјанин на оваа позиција.

Неговиот избор беше едногласно одобрен од 57 земји членки на ОБСЕ од Северна Америка, Европа и Азија.

Тој има тригодишен мандат на чело на организацијата, која беше основана во 1975 година за време на студената војна, со цел да го поттикне дијалогот и да ги намали тензиите меѓу источниот и западниот блок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Белата зграда“ – Блок за егзекуција на озлогласениот затвор „Седнаја“ во Дамаск

Следно

Вештачењето во Србија ги потврди сомнежите за несоодветно лекување пациенти на Онкологија

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Пролетната магија на јапонските цреши му дава посебен шарм на градот

Прилеп деновиве блеска во пролетна убавина, а посебен белег на градот му даваат расцветаните јапонски цреши, кои со својата нежна розова боја создаваат вистинска природна идилија. Овие дрвја се засадени во чест

Осуммина загинати во пад на приватен хеликоптер на Борнео веднаш по полетувањето

Ербасот X130, управуван од PT Matthew Air Nusantara, изгуби контакт со контролата на летање само пет минути по полетувањето од округот Мелаваи во покраината Западен Калимантан во понеделник, додека беше на пат

Гори дива депонија во Арачиново – Граѓаните се жалат дека пече на грло и на нос, се загадува цело Скопје

Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на Инфомакс. На видеото се гледа густ чад како се крева над општина Арачиново и полека се движи низ градот. Според граѓаните чадот потекнува од депонија
Go toTop