Туркије: Продолжува работата на расчистување на урнатините во Кахраманмараш, епицентарот на земјотресот

February 18, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – ОКАН ЏОШКУН/ФИРАТ ОЗДЕМИР –

Екипите на терен работат на расчистување на остатоците од урнатите згради по разорните земјотреси на југот на Туркије, јавува Анадолу.

Тешката механизација во Кахраманмараш работи на расчистување на урнатините.

Возачите на камиони и тешка механизација кои доаѓаат од многу градови во Туркије и помагаат во расчистувањето на урнатините, продолжуваат со својата работа 24 часа на ден.

Купишта урнатини се носат на одредени локации надвор од градот.

Возачот на камион, Џанер Каракуш, рече дека тие работат уште од првиот ден.

Како што нагласи, даваат сè од себе да ги залечат раните.

„Овде помагаме во отстранувањето на остатоците. Овде го расчистуваме шутот“, рече Каракуш.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, на 6 февруари погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто Индија не фаќа страна во војната

Следно

Русија: Го зазедовме населеното место Грјаникивка во областа Харков

Latest from Blog

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop