Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, непознато е каде се наоѓа претседателот Башар ал Асад

December 8, 2024
1 min read

Сириските бунтовници ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, прогласувајќи го за „слободен“, откако почнаа офанзива која брзо напредуваше низ целата земја во последните денови.  Засега не е познато каде се наоѓа претседателот на Сирија, Башар Ал Асад.

Западни медиуми, повикувајќи се на неименувани воени команданти, јавија дека сирискиот претседател утрово со авион избегал од Дамаск на непозната локација. Според медиумите, Асад се качил во авион „Иљушин 76“ на „Сиријан ер“. Информативниот портал „Вала“ наведува дека, според неименуван израелски функционер, Асад синоќа полетал од Дамаск до руската воздухопловна база Хмеимим, со намера оттаму да продолжи кон Москва. Во меѓувреме, лидерот на најголемата бунтовничка група во Сирија им забрани на своите борци да се приближуваат до државните институции, велејќи дека тие засега ќе останат под надзор на премиерот.

Сириските бунтовнички групи објавија, дека ќе настојуваат да соработуваат со „пријателските нации“ за да постигнат стабилност и безбедност. 

„Ослободената Сирија се обидува да ги продлабочи врските со сите братски и пријателски народи засновани на заемно почитување и интерес. Ќе се стремиме да играме конструктивна улога во регионот и светот за да постигнеме безбедност и стабилност.“ – Сириски бунтовнички групи.

Сирискиот премиер Мохамед Гази Ал Џалали рече дека и подава рака на опозицијата, додавајќи дека сака да го гарантира функционирањето на државните институции. 

„Земјата треба да организира слободни избори за да им се овозможи на граѓаните да изберат кој ќе ја предводи државата.“ – Мохамед Ал Џалали премиер на Сирија.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека сирискиот претседател Асад се повлекол и ја напуштил земјата откако наредил мирно предавање на власта во Сирија. Во соопштението на руското Министерство не е прецизирано каде е сега Асад, но се наведува дека Русија не учествувала во разговорите за неговото заминување. Се вели дека руските воени бази во Сирија се ставени во состојба на готовност, но во овој момент нема сериозна закана за нив.

Во него се наведува дека Москва е во контакт со сите сириски и опозициски групи и апелира до сите страни да се воздржат од насилство. Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, оцени дека сирискиот претседател  „избегал од својата земја“ откако ја изгубил поддршката на Русија. 

„Асад веќе го нема. Неговиот заштитник, Русија, предводена од Владимир Путин, веќе не беше заинтересирана да го штити. Бидејќи Русија, која е сојузник на Асад, е зафатена со војната во Украина, таа изгледа е неспособна да го запре буквалниот марш низ Сирија, земја што ја штитеше со години. Ако русија биде принудена да се повлече од Сирија, тоа може всушност да биде најдоброто што може да и се случи, затоа што Русија никогаш немаше голема корист од Сирија.“ – Доналд Трамп новоизбран претседател на САД.

Германија, Британија и Франција го нарекоа уривањето на режимот на сирискиот претседател „добра вест“ и повикаа на политичко решение за стабилизирање на Сирија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државната награда „Св. Климент Охридски“ врачена на годинашните добитници

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да ја слушнат изјавата на Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо

Latest from Blog

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на

Еврокомесарката Кос и министрите Јаневска и Сали во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето
Go toTop