ПОЧИНА ГЛУМИЦАТА КАТЕРИНА КРСТЕВА, НАЈПОЗНАТА КАКО МАРА ПОПАРА

January 9, 2023
1 min read

Актерката Катерина Крстева, во публиката позната како Мара Попара по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“, почина на 85 години, соопшти Македонскиот народен театар (МНТ). Крстева, велат од МНТ,  е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија.

„Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во Македонски народен театар, Скопје, каде останува сè до пензионирањето“, вели нејзината матична куќа.

Првата улога во МНТ и е во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

На телевизија и во филм има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последните улоги ѝ се во „Преспав“ и „Дедо и внук“.

Погребот е денес во 13 часот на градските гробишта во Бутел.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Декември екстремно топол, температурата за 3,4 степени повисока од просечната

Следно

Зголемена френкфенција на луѓе во скопско Кучково, градоначалникот Стојкоски со апел да се внимава на хигиенета

Latest from Blog

Животот на палестинските деца во Газа

СКОПЈЕ (АА) – Палестинците кои ги напуштија своите домови поради бруталните напади на Израел врз Појасот Газа, своето секојдневие во минуваат во шаторската населба поставена во крајбрежната област на Деир Балах, известува

Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, европјанин се станува со почитување на правото

Ние треба да ги тераме европските реформи, Европа е наша татковина, таму ни е местото. Европјанин се станува со владеење на правото, со либерална економија, со борба против корупција и криминал, е

Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото

Ние треба да ги тераме европските реформи, Европа е наша татковина, таму ни е местото. Европјанин се станува со владеење на правото, со либерална економија, со борба против корупција и криминал, е

Се планира ли национализација на вториот пензиски столб по изјавата на Димитриеска-Кочоска дека тој е непотребен?

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека вториот пензиски столб бил непотребен и само креирал дополнителен трошок. Таа во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 најави дека се залага за укинување на вториот

Каракамишева во „Наткаст“: Крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок

-„Сума – сумарум, крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок, како што наликува на една организирана правна држава и дека сите овие процеси во иднина ќе добијат уште
Go toTop