Мицкоски: Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја, денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме неговото дело

December 8, 2024
1 min read

На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем народен светител и просветител, кој го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле, стои во честитката на Премиерот на Владата Христијан Мицкоски.

„Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја.

Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов.

Денес кога се соочуваме со бројни предизвици потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки. Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време“, нотира во објавата.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!, -потенцира во честитката Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела куќа: Го следиме вонредниот развој на ситуацијата во Сирија

Следно

Денеска ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Latest from Blog

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop