ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Поради магла намалена видливост до 20 метри на патот Тетово-Попова Шапка

December 7, 2024
1 min read

Намалена видливост поради појава на магла од 15 до 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, (од Шипковица до Попова Шапка), соопшти попладнево АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот превој Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24 тема: “Одложено“ родителство, причини и последици

Следно

Министерството за енергетика домаќин на 14. Mеѓународен форум за енергија за одржлив развој

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 13 декември 2025 година

Овен Вашето внимание денес е целосно насочено кон вашите партнерски односи. Месечината во вашиот спротивен знак бара од вас да го спуштите гардот и да слушате што има да каже личноста до

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот против мигранти, а во владата на Заев туркал мигрантски камп во Бардовци

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. За

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот
Go toTop