Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница

December 7, 2024
1 min read

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево  од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево,… седум во Штип и Гевгелија, шест во Куманово и Лазарополе,  пет во Скопје Петровец, Струмица, Дебар, Претор и Велес, четири во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Демир Капија, три во Кавадарци, два во Битола и Тополчани.

Како што информира изутринава Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, на Попова Шапка се измерени -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот режим се повлече од подрачјето источно од реката Еуфрат

Следно

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на ракети за повеќе од 800 милиони долари на Холандија

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop