Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните

December 7, 2024
1 min read

Буџетот за 2025 година е развоен и ветува повисоки плати, инвестиции и економски развој на државата. Владата за 2025 година се обврзува на целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните, соопшти Владата на Република Македонија.

„Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија.

За таа цел Буџетот за 2025 година предвидуваме средства за зголемување на пензиите. Со ова предвидуваме 105 милијарди денари за пензиите, односно по 2500 денари повисоки пензии во март за пензионерите. Со ова го исполнуваме ветувањето за повисоки пензии на над 330.000 пензионери.

Исто така за исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието. Предвидуваме и 14,5 милијарди денари за поддршка на ранливите категории, додека пак за здравствена заштита обезбедуваме 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Во Буџетот за 2025 година е предвиден и растот на платите за вработените во образованието и просветните работници, како и растот на платите во здравството, здравствените работници и медицинските лица.

Како Влада посветено и одговорно работиме за стопанството. Како Влада веќе обезбедивме 250 милиони евра за инвестициски бум во општините. Со овие средства во општините ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.

Средствата кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити, односно договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините“ потенцираа во соопшението.

-Се обврзуваме пред граѓаните на економска трансформација, и ветуваме раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој. Воедно, подадовме рака за дијалог со синдикатите и работодавачите, заеднички да носиме одлуки во интерес на граѓаните, нотираа од Влада.

Наша заложба и политика е да создадеме иднина за сите, да ги донесеме промените и да ја вратиме Македонија на правилната патека. Економијата е нашиот приоритет, потенцираа во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Следно

Јужнокорејскиот претседател Јун се извини за обидот за воена состојба, рече дека партијата ќе одлучи за неговата судбина

Latest from Blog

Почина Михаило Вукобратовиќ, режисерот на култната серија „Подобар живот“

Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми. Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа

Ужасен ритуал за зависници од дрога во тивок манастир- пијат нешто одвратно, па „испуштаат душа“ (ВИДЕО)

По парна бања на високи температури, мажите пијат темен напиток со стотици состојки, а потоа повраќаат заедно, симболично исфрлајќи ги токсините од нивните тела. Древната практика, дел од единствена програма за детоксикација,

Мртов Канаѓанец со години лежел во ладилникот на КБЦ Котор од тажна причина: КОНЕЧНО Е ПОГРЕБАН, НО МАЛКУ ПОИНАКУ

Канадскиот државјанин Дејвид Бери Њуел (роден во 1947 година) од Сиднеј, кој починал на 29 август 2023 година во Клиничкиот болнички центар во Котор, бил погребан дури на 2 септември оваа година,

(ВИДЕО) Омерагиќ: „Само напред, момци!“ – по победата над Лихтенштајн

По убедливата победа од 5-0 против Лихтенштајн, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се сретна со македонските фудбалери за да им честита на успехот. „Само напред, момци! Сигурно и самоуверено,
Go toTop