Чупеска: СДСМ мора силно да се спротивстави на окупација на безбедносниот сектор

December 6, 2024
1 min read

Денеска гледаме обиди за нешто многу опасно – партизирање на безбедносните служби од страна на власта и враќање на режимските практики, со силен удар врз професионалците и загрозување на демократските вредности.  СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на средба со членовите од општина Центар.

-Безбедносниот сектор со сите негови структури мора мора да биде столб на независноста и заштитата на граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки и најави јасно покажува дека наместо да ја зајакне безбедноста на државата, се обидува да воспостави контрола врз овие клучни институции. Наместо реформи, сведоци сме на притисоци, замени на стручни лица со партиски лојалисти и отворени тенденции за политичка манипулација со безбедносните структури. Ова не е патот кон силна и безбедна држава. Ова е пат кон режим каде што безбедносните служби служат за заштита на интересите на еден политички врв, а не на граѓаните. Токму ваков пристап видовме во минатото, и токму ваков пристап ја доведе државата во сериозна криза. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече Чупеска.

Граѓаните заслужуваат служби кои ќе работат за нивна заштита, а не за партиските амбиции на ВМРО-ДПМНЕ, додаде потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска вечерва во Центар.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесена кривична пријава против шест лица кои бесправно сечеле дрва

Следно

САД ѝ позајмија на Полска четири милијарди долари за купување оружје

Latest from Blog

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,

“УБИЈТЕ 30-40 ПАЛЕСТИНЦИ СЕКОЈА НОЌ“. Со децении вакво нешто не е наредено, освен сега од Израел

Скандалозна изјава на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, ја потресе светската јавност. Тој јавно заговара убивање 30 до 40

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот
Go toTop