Декември екстремно топол, температурата за 3,4 степени повисока од просечната

January 9, 2023
1 min read

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Република Северна Македонија, месец декември 2022 година, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив месец, соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 3,8°С во Маврово до 7,8°С во Гевгелија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), декемвриска температура беше 3,4°С повисока од просечната на ниво на држава.

Средната максимална температура варираше од 8,5°С во Маврово до 12,6°С во Гевгелија. Највисоката максимална температура е измерена на 17-ти декември во Битола и изнесуваше 22°С.

Невообичаено високи температури и есенски топлотен бран е забележан од 7 до 12 декември. Во Охрид и К.Паланка беше надминат нивниот апсолутен температурен максимум за декември.

На ниво на држава, апсолутен максимум од 23,6°С во декември е измерен во 1955 година во Д.Капија.

Средната минимална температура варираше од -0,6°С во Берово до 4,2°С во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 22-ри декември и изнесуваше -7,5°С. Најниските минимални температури на сите метеоролошки станици беа над 10 степени над апсолутните минимални температури.

Во декември 2022, месечната сума на врнежи во државата варираше од 27,4мм во Штип до 154мм во Маврово. Врнежите беа претежно од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 53,3мм беше измерено во Д.Капија на 1-ви декември.

Споредено со декемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020) која изнесува 64мм, измерената месечна сума на врнежи беше просечна на ниво на држава, информираат од УХМР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Имав суштински разговор со премиерот на Северна Македонија

Следно

ПОЧИНА ГЛУМИЦАТА КАТЕРИНА КРСТЕВА, НАЈПОЗНАТА КАКО МАРА ПОПАРА

Latest from Blog

Нетанјаху од Американците бара детали за преговорите со Иран- се плаши од преголеми отстапки

Според израелски извор запознаен со деталите, Нетанјаху се обидува да добие информации за напредокот на преговорите и да разбере кои опции се моментално на маса. Според истиот извор, Израел изразува загриженост за

Отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи во зградата на МТВ

Во зградата на Македонската телевизија денеска официјално беше отворен вториот дел од реконструираното Одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел

Нова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Нова драма околу учеството на селекцијата на Иран на претстојниот Мундијал. Имено претседателот на Иранската фудбалска федерација (ФФИ), Мехди Таи, ја повика ФИФА да даде гаранции дека нивната делегација
Go toTop