Со „Лице в лице“ честитките го помагате зајакнувањето на ранливите сораѓани и заедници

December 6, 2024
1 min read

Со повикот „во Новата 2025 година бидете дел од заедницата што множи добрина и дели радост. Изберете празнични честитки, со срце и свест!“, платформата за одржлив развој „Лице в лице“ продолжува да ја исполнува својата двојна општествена мисија – економско зајакнувањеза ранливите сораѓани и поттикнување заедница на с(о)весни компании, граѓани, институции и организации.

Овогодишните новогодишни честитки, колекција создадена во соработка со македонски уметници кои ги донираа своите дизајни се дела на Андреа Бојковска, Ва Дот, Ване Костуранов, „Кокидо“, Зоран Инадески, Георги Равански и Иван Претрушевски – Флим.

Нивните дела носат празнична магија и уникатен естетски израз, кој ќе ги украси празниците со топлина и љубов. Честитките се достапни во печатена форма со преклоп и плик, а некои од нив се и во GIF верзија, што додава современ и интерактивен допир на традиционалните празнични пораки.

– Во време на брза комуникација, сакаме да потсетиме на вредноста на  лично честитање, со ракопис, порака и внимателно одбрана честитка – гест што носи топлина и посебност. Со купување на Новогодишните „Лице в лице“ честитки, директно ги поддржуваме продавачите на списанието, но и ја поттикнуваме заедницата да негува вредности што носат бенефити за сите – велат од тимот на „Лице в лице“.

Со купување на овие честитки, не само што испраќате празнична радост, туку и активно учествувате во поддршката на социјалната економија. Средствата се насочуваат кон инклузивни програми за ранливите сограѓани, користењето на рециклирана хартија промовира одржливост, а истовремено се промовираат и македонски уметници. Секоја честитка е мало дело на добрина кое остава голем отпечаток!

Честитките се достапни за 100 денари, а сите заинтересирани можат да ги купат од продавач на фреквентните места во градовите каде што се продава списанието, или да нарачаат на [email protected]

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Јаневска: Нема повеќе да дискутираме за ученикот

Следно

Бошков: Одредени работодавачи не може да излезат од матрицата дека се главни, а најглавниот капитал се задоволни работници

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop