Совет за национална безбедност: Туркије го поддржува територијалниот интегритет и единство на Сирија

December 5, 2024
1 min read

Советот за национална безбедност (СНБ) на Туркије во четвртокот изрази поддршка за територијалниот интегритет на Сирија и посветеност кон стабилноста на земјата, пренесува Анадолу.

СНБ на Туркије, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави соопштение во кое ги претстави позициите на официјална Анкара за Сирија, Либан и Палестина.

Во соопштението се наведува дека Туркие ја изразува својата силна поддршка за територијалниот интегритет и единство на Сирија, како и подготвеноста да придонесе за стабилноста на оваа земја.

„Терористичките групи кои се обидуваат да ја искористат нестабилноста во Сирија и сакаат да ѝ нанесат удар на нејзиното единство, нема да добијат одврзани раце“, соопшти СНБ, нагласувајќи дека ќе бидат елиминирани сите закани од овие групи за националната безбедност на Туркије.

Советот, исто така, подвлече дека случувањата во Сирија уште еднаш ја покажаа неопходноста од преземање мерки за заштита на животите на цивилите, имотот и императивот режимот да се смири со својот народ и со опозициските групи за да се постигне траен мир.

Што се однесува на прекинот на огнот во Либан, СНБ на Туркије се надева дека тој ќе биде траен, нагласувајќи ја важноста од почитување на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН за да се запрат масакрите и агресијата на Израел.

Советот, исто така, го истакна одлучниот став на Туркије кон праведно и трајно решение за палестинското прашање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амнести интернешнал: „Израел врши геноцид во Газа“

Следно

Линдзи Вон по пет години се враќа на скијањето

Latest from Blog

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда
Go toTop