Вицепремиерот и министер Стоилковиќ на средба со министерот за безбедност на БиХ Нешиќ

December 5, 2024
1 min read

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, кој е во неколкудневна работна посета на земјава.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.

Двајцата министри се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и дека единствениот пат и на РС Македонија и на Босна и Херцеговина е приближување до европското семејство, па во таа насока останувањето на иста патека и, секако, соработката треба да го задржат досегашното ниво.

Потпретседателот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна босанскиот колега Нешиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучија дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Хрватските пензионери пред Божиќ ќе добијат по 80 евра

Следно

ОВА е листата на производите од новогодишната потрошувачка кошничка

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот носи дополнителни 5,8 милијарди денари за инвестиции

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт
Go toTop