Ирска: Владејачката коалиција го изгуби парламентарното мнозинство на парламентарните избори

December 3, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Ирската владина коалиција не успеа да обезбеди 88 места што се потребни за формирање Влада на парламентарните избори што се одржаа на 29 ноември, јавува Анадолу.

Во 174-члениот Даил, или Претставничкиот дом, Фиана Фаил се појави како најголема партија, задржувајќи ја својата позиција од изборите во 2020 година. Предводена од Мајкл Мартин, кој е на функцијата вицепремиер на Ирска, министер за надворешни работи и министер за одбрана, партијата го зголеми бројот на своите места од 38 на 48.

Партијата Фине Гел на премиерот Сајмон Харис заврши на трето место, со мало зголемување на бројот на места во Парламентот од 35 на 38.

Партијата на зелените, помал коалициски партнер, забележа драматичен пад од 12 на само едно место.

Изборните резултати ги оставија коалициските партнери со 87 пратенички места, помалку од прагот за мнозинство.

Во меѓувреме, неколку министри ги загубија своите места, меѓу кои и министерот за здравство Стивен Донели, министерката за туризам Кетрин Мартин и државната министерка Ен Рабит.

– Најниска излезност од 1923 година –

Главната ирска опозициска партија Шин Фејн, која се залага за ирско обединување, на изборите е втора по големина партија, зголемувајќи ги своите места во Парламентот од 37 на 39.

Лабуристичката партија и социјалдемократите освоија по 11 места, а пратенички места обезбедија и 16 независни кандидати.

Неодамна формираната партија 100% Надоместок успеа да освои едно место.

Одѕивот на гласачите беше значително низок, само 59,7 отсто од 3,4 милиони регистрирани гласачи – најниска од 1923 година.

Лидерката на Лабуристичката партија, Ивана Бачик, истакна дека ќе се консултира со социјалдемократите и Партијата на зелените за да ги мапираат потенцијалните стратегии за формирање Влада.

Парламентот беше распуштен од претседателот Мајкл Д. Хигинс на 8 ноември на барање на Харис.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Од урлањето на Заев дека ќе донесе правда во Македонија, остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас

Следно

Перез го напушта Ред Бул на крајот од сезоната во Формула 1

Latest from Blog

ТЕПАЊЕ СО СТАП ЗА ДИГИТАЛНО И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Нови правила во училиштата во Сингапур

Учениците кои ги малтретираат другите, вклучително и преку дигитално насилство, ќе се соочат со тепање со стап како „крајна мерка“ според новите насоки воведени во Сингапур. Учениците (момчиња) можат да добијат до

Македонски Телеком и банкарскиот сектор доминираа на денешното берзанско тргување кое заврши со промет од над 28 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00

Почина легендата на Интер, Еваристо Бекалоси

На 69. годишна возраст почина легендарниот играч на тимот на Интер, Еваристо Бекалоси. Неговата здравствена состојба беше проблематична повеќе од една година откако доживеа удар во 2025 година. Тој ја има започнато
Go toTop