Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

December 2, 2024
1 min read

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација.

„Повторно ќе кажам, не гледам причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба. Сериозна е ситуацијата, а се остава сомнеж дека некој има интерес од вакво влошување. Ако некој ја одбие таа средба, ќе сметам дека апсолутно има причина да се надева дека тензиите можат да донесат некаков политички бенефит“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче објасни дека во вакви критични моменти лидерите на најголемите политички партии мора да покажат зрелост и да ја стават добросостојбата на граѓаните и на државата пред сите други интереси. Тој ја истакна важноста на лидерската средба како единствено решение кое може да ја смири наелектризираната атмосфера и да испрати јасна порака до јавноста.

„Само од еден таков медиум, како лидерска средба, граѓаните може да сфатат и разберат и вистински да ја примат пораката дека навистина ситуацијата треба да се смири. Инаку, ризикуваме таа сериозно да ескалира“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и другите политички лидери да ја поддржат оваа иницијатива, подвлекувајќи дека одбивањето на учеството само ќе го засили сомнежот за политичка калкулација.

За СДСМ, стабилноста и мирот се највисок приоритет, потенцира Филипче и повика на заедничка одговорност за зачувување на соживотот и иднината на земјата. Секое одбивање на оваа иницијатива би било чин на неодговорност и индиректна потврда на интерес од продолжување на кризата, смета претседателот на СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

Следно

Три лица заглавени кај Никифорово, роднините бараат помош

Latest from Blog

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни

Мицкоски: Нема повеќе отстапки за идентитетот, без разлика на цената – Пленковиќ: Потребен е политички дијалог, блокадите не се благородни

Нема повеќе простор за идентитетски отстапки или чекори назад кога станува збор за националните определби, без разлика на цената на евроинтегративниот пат, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, фокусот на Владата останува

Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на стратешка соработка

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување,
Go toTop