ДКСК примила претставка за директорката на АР – дали наводите се точни или не, ќе утврдува Сиљановска Давкова

December 2, 2024
1 min read

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница соопшти дека примила претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, во која се тврди дека не доставувала редовни извештаи за работата на Агенцијата до различни државни институции. Дали овие наводи се точни или не, ќе утврди претседателката на државата.

„Според Законот за Агенцијата за разузнавање, член 3, став 2, е предвидено дека Агенцијата треба да ги известува органите на државата како што се претседателот на Собранието, Владата, премиерот, како и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, во зависност од предметот на работата. Претставката се однесува на тоа дека директорката не доставила информации за своето работење до Собранието, а размената на податоци во согласност со законот зависи од интересот на самото работење“, изјави Цвета Ристовска, член на ДКСК.

Ристовска додаде дека ДКСК не може да се впушта во процена дали комуникацијата и размената на податоци помеѓу Агенцијата и другите институции се во согласност со законот. За тоа, надлежност има претседателката на државата, која ќе оцени дали комуникацијата помеѓу институциите е согласно потребите и динамиката утврдена од Агенцијата.

ДКСК одлучи да го препрати предметот на решавање до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која има надлежност над Агенцијата за разузнавање.

На седницата беше разгледана и друга претставка која се однесуваше на вработен во Агенцијата за разузнавање, кој наводно на Фејсбук објавил фотографии од партиски штаб за време на парламентарните избори. Овој случај, исто така, не ќе биде разгледуван од страна на ДКСК, туку ќе биде испитан од внатрешната контрола на Агенцијата за разузнавање, која ќе утврди дали наводите се точни.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Маестралните „Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери во среда

Следно

Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка

Latest from Blog

Општина Битола покажа експедитивност – исправен натписот на споменикот на Турунџев

Битола, 6 септември 2025 – По реакциите во јавноста, Општина Битола интервенираше и ја замени таблата на споменикот на народниот херој Александар Турунџев, која претходно не беше напишана на македонска кирилица. Новата

Вучиќ по насилниот упад во Нови Сад: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава, ќе биде процесуиран

Зградата на Ректоратот е под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата. Студентите во блокадата објавија на социјалните мрежи дека има студенти, професори, граѓани и медицински работници се во зградата на

Денеска е Св. свештеномаченик Евтихиј

Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа
Go toTop