Белград и Нови Сад: Дел од опозициски инструираните студенти ги блокираа Ректоратот и факултетите

December 2, 2024
1 min read

Дел од опозициски инструираните студенти во Белград и Нови Сад денес блокираа неколку факултети и Ректоратот, барајќи објавување на документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад и откривање на одговорните за нападот врз студентите, јави дописникот на МИА од Белград.

Блокадите на Ректоратот на Белградскиот универзитет, Филолошкиот, Филозофскиот, Природно-математичкиот факултет (ПМФ) и Архитектонскиот факултет симболично почнаа во 11.52 часот кога и се случи несреќата на Железничката станица.

Во Нови Сад наместо Ректоратот, студентите ја блокираа зградата на Филозофскиот факултет.

На денешната блокада се приклучија и студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) од Белград кои повторија дека ги имаат истите барања како и студентите кои ги блокираа зградите.

Тие бараат објавување на комплетната документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студентите на Факултетот за драмски уметности, како и зголемување на средствата за државните факултети за 20 проценти.

Меѓу барањата е и зголемување на процентот на финансирање од буџетот за образование, бидејќи тој не е променет од 2019 година.

Студентите бараат итно ослободување на сите граѓани кои беа приведени за време на ненасилните протести, како и повлекување на неоснованите пријави.

-Во борбата за исполнување на овие барања, денеска го блокираме Ректоратот, како и Филолошкиот, Филозофскиот и Природно-математичкиот факултет. Блокадите немаат намера никого да загрозат, ниту да предизвикаат материјална штета на објектите, се наведува во соопштението на организаторите на блокадите во Белград кои рекоа дека нема да даваат изјави за медиумите.

Најавија дека во секоја од блокираните згради ќе се одржи пленум на кој ќе присуствуваат студентите на тие факултети за да договорат за понатамошните планови, додека студентите од другите факултети ќе се состанат во Ректоратот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Универзитетот во Анкара му додели почесен докторат на црногорскиот претседател Милатовиќ

Следно

Оставката на Дамева е единствената исправна одлука, велат од Владата

Latest from Blog

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое

„Заедно ја поразивме СДСМ, заедно ќе изградиме силно и модерно Куманово“ – Петрушевски со поддршка за Димитриевски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски присуствуваше на настанот „Отчет 2021 – 2025“, каде градоначалникот Максим Димитриевски го презентираше реализираното во неговиот мандат. -Она што беше прикажано е најдобар доказ дека и покрај

Ѓорѓиевски најавува силна поддршка за Вардар како спортски симбол на градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Проверитас“, каде што зборуваше за спортскиот брендот на градот, Вардар. Тој најави дека неговата програма предвидува системска и финансиска поддршка за

Уапсена позната актерка, ПОРАНЕШНА ДЕВОЈКА НА МИЛОШ БИКОВИЌ

Познатата руска актерка Аглаја Тарасова е приведена на московскиот аеродром Домодедово откако кај неа биле пронајдени 0,38 грама наркотици, јавува РИА Новости, повикувајќи се на извор од безбедносните служби. Според достапните информации,
Go toTop