Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово

December 2, 2024
1 min read

Специјално возило со плуг било пратено веднаш штом била побарана помош и веќе е стигнато до заглавените патници во општина Маврово – Ростуше, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информациите во јавноста дека возила со патници, меѓу кои и трудници и деца, тргнале од селата Леуново и Никифорово и биле заглавени на територија на општина Маврово – Ростуше.

Патните правци на Мавровското Езеро, како што појаснија од ЦУК, биле под ингеренции, дел на Јавното претпријатие за државни патишта и дел на Општината.

Од ЦУК подвлекоа дека сите кои бараат помош на бројот 112, нивните пријави заедно со локација, веднаш преку секторот за операции и координација, се пренесуваат и до надлежните државни или општински служби, за да дејствуваат по повиците. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бог ни дал да живееме во една заедничка држава“: Верските поглавари повикаа на почитување на државните симболи

Следно

Директорот на училиштето „7- ми Март“ во Челопек, вели дека претставата немала политичка заднина

Latest from Blog

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

 Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат
Go toTop