Трета жртва од невремето во Грција

December 2, 2024
1 min read

Маж го загубил животот кај Торони на Халкидики, откако со возилото паднал во провалија и е третата жртва од невремето „Бора“ што ја зафати Грција, откако во текот на викендот на островот Лимнос загинаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, мажот во обид да избегне карпи на патот, со возилото паднал во провалија од 30 метри, а утрово бил пронајден во жив, но подоцна починал од хипотермија, бидејќи во автомобилот бил над осум часа.

За невремето „Бора“ портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека е „уште еден доказ дека она што го знаевме за природните појави веќе не важи“, но и дека е нова и тешка реалност и за Грција и за целиот свет.

-Врнежите во саботата на Родос, според експертите, беа 73 отсто од водата што падна во Валенсија, истакна Маринакис.

Поради невремето на островот Родос е прогласена вонредна состојба по барањето на градоначалникот за веднаш да започнат процедурите за обесштетување и санирање на штетите.

Најпогодение од невремето „Бора“ што во текот на викендот ја зафати Грција се островите Лимнос и Родос, Солун, Халкидики, како и областите Пиерија и Тесалија, а противпожарната служба од саботата претпладне до утрово во шест часот примила 3.024 повици за помош.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Следно

„Бог ни дал да живееме во една заедничка држава“: Верските поглавари повикаа на почитување на државните симболи

Latest from Blog

Муцунски на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи

Ристовски во Канал 5: Нашата цел е стабилен и одржлив спортски систем

Приоритет на Министерството за спорт со поддршка од Владата е прво да направиме спортска инфраструктура и да го подигнеме македонскиот спорт од оној слободен пад во којшто беше затекнат, истакна министерот за

Македонска пошта: Платите се обезбедени – Штрајкот е политички мотивиран

„Македонска пошта“ го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени. Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна
Go toTop