Меѓународна правна помош од САД побарало ОЈО за случајот со Дрин Ахмети

December 1, 2024
1 min read

 

Предметот кој се однесува на финансиските трансакции на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сè уште е во предистражна фаза по повеќемесечна истрага обезбеден и анализиран е голем дел од бараната документација, а наскоро се очекува да биде завршена анализата на останатиот дел. 

Од досега прибраната документација се појавила потреба од меѓународна правна помош од властите на Соединетите Американски Држави за проверка на информациите кои можат да бидат важни за истрагата според информациите од Обвинителството. 

Овој предмет се однесува на серија сомнителни финансиски трансакции кои се поврзани со Дрин Ахмети и неговиот партнер, Ник Назар Мехмеди, во кои станува збор за милиони долари и евра. Овие трансакции покренаа сомневања поради можноста за перење пари и вмешаност во сомнителни финансиски активности. Во тек се истраги и за други работи, како што е и пронаоѓањето на пиротехнички материјали во возилото на Дрин Ахмети минатата година. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирак објави дека целосно ги затворил границите

Следно

Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија, во Појасот Газа

Latest from Blog

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за

Тоневски: Се реконструира дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски. Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната
Go toTop