До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија

November 30, 2024
1 min read

До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

-Старата скопска чаршија е од посебно значење за целата држава. Додека за третата фаза од плоштадот Скендербег има одлука да се изгради подземен паркинг за 400 возила, што ќе го реши главниот проблем за Старата скопска чаршија и ќе го заокружи проектот плоштад Скендербег. Инвестицијата на проектот е околу 20 милиони евра. Битно е дека Чаршијата ќе биде попристапна за граѓаните и за туристите. Тука има 700 дуќани и се важен економски капацитет за државата и економијата, рече вицепремиерот.

Меџити нагласи дека работат на решавање на проблемот со паркинг места во Старата скопска чаршија.

-Владата донесе одлука да го реши главниот проблем на Старата скопска чаршија, а тоа е паркирањето. Воедно, работиме во две насоки – прво да се ослободи паркингот до хотел Буши каде има паркинг за 100 коли и кој 30 години не функционира бидејќи е претворен во магацин. Заедно со министерот за култура и со директорот работиме тој да се ослободи и да има нови 100 паркинг места, рече Меџити.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ

Следно

Дипломатски добротворен базар на кој беа претставени традиционалните кујни и сувенири

Latest from Blog

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки

Меџити: На 19 октомври победува иднината на Чаир

Скопје – Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва оддржа собир во населбата Серава, кој прерасна во „трибина со ентузијазам, енергија и верба во победата“. „На 19
Go toTop