Агенцијата на ОН за палестински бегалци: Газа се соочува со најинтензивно бомбардирање од Втората светска војна

November 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денес соопшти дека Газа се соочува со најинтензивно бомбардирање на цивили од Втората светска војна, јавува Анадолу.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, УНРВА ја истакна „тешката ситуација на палестинските бегалци“, нагласувајќи дека тоа е „најдолга нерешена бегалска криза во светот“.

„Во текот на изминатата година Газа доживеа најинтензивно бомбардирање на цивилното население од Втората светска војна“, се вели во извештајот.

Генералното собрание на ОН во 1977 година донесе одлука според која 29 ноември се одбележува како Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ. Одлуката беше донесена во знак на сеќавање на Резолуцијата 181 од 1947 година, со која се предлагаше создавање на две посебни држави, посебна арапска и посебна еврејска држава на просторот на Палестина по завршувањето на британскиот мандат.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година. Во израелските напади убиени се над 44.300 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се речиси 104.900.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Следно

СДСМ патетика или партиски налог: Сите на ФБ со знаме, глумете патриоти!

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop